Промената на режимот на сообраќај од еднонасочен во двонасочен, на кракот од ул. „Маршал Тито“ што се спојува со улицата „Димитар Влахов“ ќе започне по поставување на сообраќајната сигнализација.
За таа цел, в понеделник, 6 април, ќе се поставува соодветната сообраќајна сигнализација на овој уличен крак.
Спроведувањето на промената на сообраќајниот режим ќе се реализира во соработка со полициски службеници на ПО за БПС Кочани. Заради безбедно и брзо завршување на работите, се известуваат граѓаните да не ги паркираат возилата на кракот од ул. „Маршал Тито“.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
