ПРОСТОРОТ Е ИСЧИСТЕН, СМЕТОТ Е СОБРАН А ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ НОСИ НА ДЕПОНИЈАТА

март 12, 2022
0 минути

„Просторот е исчистен, сметот е собран а во понеделник ќе се носи на депонијата“ така гласи пораката што ја добивме  со која е испратена и фотографија, за сработеното на службата задолжена за чистење на градот при КЈП „Водовод“ – Кочани.

Минатите денови објавивме писмо од жители на зградите кои го користат просторот позади зградата на некогашниот „Комитет“. Денес екипа од КЈП „Водовод“ – Кочани задолжена за чистотата во градот излегла на самиот терен, го собрале сметот кој како што пишуваат во понеделник ќе биде однесен на „Градската депонија“.

Ги охрабруваме граѓаните на Кочани слободно да ни доставуваат фотографии и по некој материјал за она шро сметаат дека не е во ред, бидејќи не сме во можност секаде да стигнеме а и не ги знаеме проблемите на граѓаните доколку тие не ни ги кажат.

Продолжуваме заедно за почисто и поубаво Кочани.

С. Ивановски