ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ВОЗИЛАТА И ОПРЕМАТА НА ОВР КОЧАНИ

мај 6, 2026
1 минути

Спроти денот на одбележувањето на „Денот на полицијата“ 7-ми Мај, денес во дворот на ОУ „Никола Карев“ во Кочани беше извршена презентација на возилата и опремата со која располага ОВР – Кочани.

На настанот присуствуваа началникот на ОВР Кочани, Тоше Стојанов, началникот на СВР Штип Игор Јаковлевски, командирот на ОВР Кочани Драганче Даневски како и дел од службените лица вработени во ОВР Кочани.

Презентацијата ја посетија  ученици од основните училишта во општината на кои вработените од ОВР Кочани им ја презентираа опремата, и возилата, им објаснија за нивната цел и употреба, едноставно желбата беше полицијата да ја доближи својата работа до граѓаните а со тоа и да ја зајакне довербата и соработката со заедницата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ