Во заостанатиот натпревар од 24-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени, денес во Кочани по облачно време а на моменти проследено со студен ветер девојчињата на „Кочани“ ја совладаа мошне добрата екипа на „Речица“ со 4:2 (1:1).

Домаќинките на кои овој натпревар „живот“ им значеше го започна во грч па ака неколку интересни акции ги завршуваа пред гостинскиот шеснаесетник.

Стојанова во 22’ упати еден удар од д голема далечина, топката како да закачи некој од одбранбените играчи и заврши во мрежата на гостите. Пк примениот гол девојчињата од „Речица“ ја презедоа играта во свои раце и најпрвин во 41’ преку Величковска го израмнија резултатот а во 51’ со погодокот на Ристиќ дојдоа до заслужено водство.

По примениот втор погодок домаќинките сфатија дека само со офанзивна игра можат да дојдат до толку посакуваната победа па со погодоците на Мицовска во 59’ Давиткова 63’ и со вториот погодок на Стојанова во 73’ прокнижија значајни три бода и останаа со големи шанси и следното првенство да го играат во најелитното женско натпреварување.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
