Во Сабота со почеток во 16:30 часот се играат натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втора Фудбалска Лига. Несомнено дека најголемото внимание на фудбалската јавност го привлекува натпреварот во Кочани каде домашното „Осогово“ го пречекува лидерот на табелата, екипата на „Брегалница“ од Штип.
Домаќините очекуваат добра посетеност и натпревар што ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на фудбалот. Гостите на кои овој натпревар живот им значи се фаворити, но и домаќините си имаат свои сметки, зачувување на високото петто место.

Според најавите од Штип се очекува голем број на навивачи на „Брегалница“ предводени од навивачката група „Фаланга“ чиј дуел со „Сејмени“ исто така би бил нетресен.
Двојки од 29-тото коло:
Осогово – Брегалница
Кожуф – Тетекс
Победа – Вардар (Н)
Шкендија (А) – Новаци
Беласица – Каменица Саса
Слога 1934 – Преспа
Детонит Плачковица – Охрид
Големо Коњари – Скопје

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
