Како увертира на фудбалскиот натпревар „Осогово“ – „Брегалница“ на трибините на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани се одржа мала свеченост
Имено на победниците на Младинскиот Фудбалски Куп на Македонија за 1996 година, им беа доделени признанија и дрес со имињата на секој играч и фотографија на градите по освојувањето на пехарот.

Убаво беше сите тие играчи Александар Алчинов, Дарко Иванов, Игор Богатинов, Мијалче Сенев, Ефтим Стојанов, Симеон Јорданов, Стефан Јанев, Ристо Трајанов, Зоран Шуманов, Крсте Крстев Александар Соколов, Драган Петров, Ивица Костадинов, Игор Коцев, Ристе Иликовски, Трајче Пеливанов, Симеон Митев, Ванче Манчев заедно со членовите на стручниот штаб: Благој Петров, Јордан Минов, Славчо Наков и д-р Душан Данев. да се соберат на едно место и да им се одаде признание за она што го оставрија пред 30 години. На играчите кои беа дел од таа победничка екипа а од оправдани причини не можеа да присуствуваат, подоцна ќе им бидат врачени и дресовите и признанијата.

Оваа убава свеченост беше и причина да бидат претставени младите играчи на „Осогово“ од пионерската екипа кои под водство на Доминик Тенев станаа Шампиони во Третата пионерска екипа за сезоната 2025/2026 година.

По завршувањето на натпреварот традиционално како и после секој јубилеј досега се замина во кафеана „Шуман“ во Грдовци каде дружбата траеше до доцните ноќни часови. Играчите се потсетија како стигнаа до овој успех при тоа раскажувајќи ги нивните згоди и незгоди од почетокот на натпреварите па се до доделувањето на победничкиот пехар.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
