„Нека овој свет манастир биде духовно огниште, место на покајание, молитва, мир, и спасение каде непрестано ќе се вознесува слава кон Света Троица – Отецот, Синот и Светиот дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин“, соопштија од Црковниот одбор ДЕНЕС при осветувањето на манастирот „Св. Димитриј Солунци“ во населбата „Трајаново трло“. Во Кочани.

Чинот на осветување го изврши Митрополитот Брегалнички, г-дин. Иларион во сослужителство на свештеници од кочанското архиерејско намесништво. Во манастирот беше отслужена и Света архиерејска литургија на која присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Изградбата на овој храм започна во 2022 година со благослов на брегалничката Епархија, од страна на црковниот одбор на храмот а во неговата изградба со свои донации учествуваа граѓани и стопанственици.


С. Ивановсји
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
