ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, СТРЕЛЦИТЕ РАСПОЛОЖЕНИ ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО ПОСТИГНАТИ 51 ПОГОДОК

Во Спорт
мај 23, 2026
1 минути

Со одигрувањето на натпреварите од 30-тото заврши годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига. На простување од љубителите на фудбалот стрелците беа расположени, постигнати се 51 погодок или во просек 6,375.

„Осогово“ беше гостин на „Новаци“ и како во есенскиот дел и овој пат немаше поведник, ако во Кочани натпреварот заврши со нај непопуларниот резултат 0:0, во Новаци по пресврти натпреварот заврши 3:3. За „Новаци“ погодоците ги постигнаа Стефан Јовановски во 16’19’ и Петар Љамчевски во 74’,додека Марио Симоски во 35’53’ и Филип Димоски во 61’неа стрелци за „Осогово“.

Во Штип „Брегалница“ и официјално го потврди првото место и влезот во Прва Фудбалска Лига, додека „Скопје“ кој без мака славеше како домаќин и „Шкендија“ (А) со 1 во 2 во Македонска Каменица си обезбедија бараж натпревари.

Резултати од 30-тото коло:

Новаци – Осогово  3:3

Тетекс – Големо Коњари  7:2

Скопје – Детонит Плачковица  5:1

Охрид – Слога 1934   7:1

Преспа – Беласица  1:3

Каменица Саса – Шкендија (А)  2:4

Брегалница – Победа  7:0

Вардар (Н) – Кожуф  0:5

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ