ЈУБИЛЕЈНОТО 20-ТО ИЗДАНИЕ НА „ДАРАГАНИЦА КУП“ ЗА ПИОНЕРИТЕ НА „СЛОГА 1934“ ОД ВИНИЦА

Во Спорт
мај 24, 2026
1 минути

Фудбалскиот Клуб „Осогово“ – Кочани по дваесетти пат го организираше меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ посветен на Драган Михајлов – Драганица, еден од кочанските фудбалски легенди.

A99

Годинава освен домаќинот „Осогово“ на турнирот учествуваа и пионерските екипи на „Слога 1934“ (Виница), „Каменица Саса“ (Македонска Каменица) и „Борец“ (Велес).

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Осогово“ – „Слога 1934“  0:2 (0:1) и

„Каменица Саса“ – „Борец  0:0 (0:0) –на пенали 3:2

Во малото финале „Осогово“ го совлада „Борец’ 5:0 (2:0), додека во големото финалето „Слога 1934“ беше поуспешна од екипата на „Каменица Саса“ и славеше со 4:2 (3:2) со што сосема заслужено го освои големиот пехар.

За Најдовар играч на турнирот беше прогласен Андреј Атанасов (Слога 1934), „Најдобар стрелец“ е Виктор Јанев (Осогово) а титулата „Најдобар голман“ ја понесе Алексадар Димитровски (Каменица Саса).

Турнирот беше искористен и за една мала свеченост на која Александар Андов – Претседател на ОФС Кочани на капитенот на „Осогово“ му го предаде победничкиот пехар за освоеното Прво место во Пионерската Трета фудбалска лига – Исток.

За жал и овој пат пријателите и големиот број соиграчи на Драган Михајлов – Драганица не се одважија да дојдат на трибините на стадионот „Никола Мантов“ со што би му оддале една посебна почит на легендата на Кочанскиот фудбал.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ