СЛЕДНОТО ПРВЕНСТВО, ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, СТРАШНО ИНТЕРЕСНА ЛИГА

Во Спорт
мај 31, 2026
0 минути

За време на викендот се одиграа бараж натпреварите за Првата и Втората Фудбалска Лига.

Првопласираните три екипи во изминатото првенство во Втората Фудбалска Лига од следната сезона ќе бидат дел од прволигашкото друштво. „Брегалница“ како првак обезбеди директен пласман, додека денес „Скопје“ ја совлада екипата на „Брера Струмица“ 1:0 (0:0), односно „Шкендија“ од Арачиновио го мина „Пелостер“ совладувајќи го 6:5 по изведувањето на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 1:1 (1:0).

Сега списокот на новите второлигаши е комплетен.

Во следното првенство во Втора Фудбалска Лига ќе играат „Работнички“, „Македонија ГП“, „Шкупи“, „Брера Струмица“, „Пелистер“, „Охрид“, „Беласица“, „Осогово“, „Детонит Плачковица“, „Новаци“, „Кожуф“, „Еуромилк“, „Камјани“ и „Тетекс“.

Самите имиња на екипите зборуваа дека лигата ќе биде многу силна па секој загубен бод на домашен терен ќе биде лош знак за екипата која го загубила.

Сега ни претстои долго топло лето во кое освен натпреварите од Светското првенство ќе биде интересен и преодниот рок, бидејќи борбата за влез во Првата лига и за опстанок во Втората лига ќе биде пеколен.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ