ЕФИКАСЕН СТАРТ НА 22. ИЗДАНИЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР

Во Спорт
јули 2, 2024
1 минути

Со натпреварот „Џинџер“ – „Ауто Велт“ стартуваше годинешното 22-ро издание на Петровденскиот фудбалски турнир кој во организација на Општина Кочани во соработка со Општински Фудбалски Сојуз – Кочани се одржува на „Затворените терени“ во дворот на ООУ „Кирил и Методиј“.

Турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина кочани Љупчо Папазов.

На првиот ден од турнирот на двата натпревари од „А“ групата беа постигнати 17 голови што можеби е некаква увертира дека годинава ќе се игра доста ефикасен фудбал.

Резултати:

„Џинџер“ – „Ауто велт“  2:3

„Асто Вила“ – „Рели“  4:8

За денес вторник (02.07.2024 година) се играат натпреварите од „Б“ групата:

19:00 часот – „Естон Дизајн“ – „Але-Дар Премиум“

20:00 часот -„Амфенол“ – „Масив Дизајн“

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ