ЖФК „КОЧАНИ“ И ВО СЛЕДНОТО ПРВЕНСТВО ВО ПРВОЛИГАШКОТО ДРУШТВО

Во Спорт
јуни 5, 2026
1 минути

Со победата од 7:3 во бараж натпреварот против екипата на „Билјанини извори“ од Охрид девојчињата на ЖФК „Кочани“ си обезбедија место во прволигашкото друштво и во следното првенство.

Натпреварот започна несакано за девојчињата на тренерот Оливер Јовановски бидејќи уште во 6’ имаа негатива од два погодока. Водството на противникот не влијаеше негативно на „жетварките“, напротив, тие се разиграа, се бореа за секоја топка и до крајот на  полувремето постигнаа два погодока и го изедначија резултатот на 2:2.

На полувремето советите од тренерот Оливер Јовановски вродија со плод па кочанчанки во период од четири минути (60’-64’) постигнаа три погодока со што натпреварот беше решен. Преостанатите два погодока во финишот од натпреварот само ја потврдија разликата во класа на двата противника. Охриѓанки високата негатива ја ублажија со погодок во последната минута од натпреварот.

Стрелци за  ЖФК „Кочани“: Донева 29’, Милеска 40’64’, Кицара 60’87’, Велиновска 61’, Стојанова 83’, додека стрелци за екипата на „Билјанини извори“ беа: Јулчовска 3’, Николоска 6’ и Ристова 90’.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ