ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ГИМНАСТИКА, „А“ ПРОГРАМА ВО ПОЕДИНЧЕНА КОНКУРЕНЦИЈА ПО СПРАВИ

Во Спорт
јуни 7, 2026
1 минути

Скопје беше домаќин на  Државното првенство во гимнастика за „А“ програма поединечно по справи со што и официјално заврши пролетниот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Гимнастичарите на КГС „Кочани“ имаа одличен настап и во машка но и во женска конкуренција што радува пред продолжувањето на есенскиот дел од првенството

Резултати на гимнастичарите на КГС „Кочани“:

Машки категории

 

Постари пионери

Максим Петров 1. место на справите партер, карики, разбој и вратило и 2. место на прескок и коњ со рачки;

Млади јуниори

Лука Естатиевски 1. место на коњ со рачки, карики и вратило, 2. место на партер и разбој, како и 3. место на прескок

Јуниори

Матеј Постолов 1. место на карики и вратило, 2. место на партер, коњ со рачки и разбој и 3. место на прескок

Сениори

Мартин Андонов 1. место на коњ со рачки и 2. место на партер, карики, прескок, разбој и вратило

Женски категории

Јуниорки

Бисера Лазарова 3. место на разбој и греда

Сениорки

Ана Ајтовска 2. место на партер и разбој и 3. место на греда

На првенството успешен настап имаа и Дариа Стојков во категоријата „помлади пионерки“ и Мелани Постолов во категоријата „млади јуниорки“ но за жал не беа дел од пиедесталот.

Со овој настап КГС „Кочани“ успешно го заврши пролетниот дел од оваа натпреварувачка сезона.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ