ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ЛИ КОНЕЧНО СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ НА ГЕОТЕРМАЛНАТА ВОДА

Во Спорт
април 28, 2022
0 минути

Кога ќе се приклучи стадионот „Никола Мантов“ – Кочани на геотермалната вода е прашање кое со години си го поставуваат и љубителите на фудбалот и играчите.

Стадионот „Никола Мантов“ е изграден во времето на Југославија, досега ниту едно раководство на ФФМ нема пројавено интерес да донира одредена сума на средства и да го оспособи за одигрува на меѓународни натпревари, а треба само малку желба да имаат и повторно да се играат во Кочани меѓународни натпревари како во деведесеттите години и почетокот на новиот милениум.

Но ако немаат желба моќниците на ФФМ за таков исчекор, деновиве дознаваме дека самиот клуб ГФК „Осогово“ покренал иницијатива да стадионот „Никола Мантов“ барем се приклучи на геотермалната вода. За таа цел од страна на клубот доставено е барање до КЈП „Водовод“ за изработка на физибилити студија за можност стадионот „Никола Мантов“ да се приклучи на геотермалната вода која минува на само 50 метри од истиот.

Време е повеќе играчите посебно од малите категории да не мрзнат во зимски услови туку да имаат барем греење и постојано топла вода за туширање. Така ќе се заштедат средства од високите сметки за електрична енергија.

Ако досега се направија напори некои објекти во општината да се приклучат на топлата вода, зошто на тој список да не се најде и стадионот „Никола Мантов“.

С. Ивановски