ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ПРАШУВААТ: КАДЕ ЗАВРШИЈА РЕШЕНИЈАТА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

јуни 17, 2026
0 минути

Деновиве жители од улицата „Димитар Влахов“ во Кочани до нашиот портал поставуваат речиси едно те исто прашање „Каде завршија Решенијата за данок од имот“?

Имено нивната реакција е оправдана бидејќи ако го немаат добиено Решението и и го немат платено Данокот на имот тоа би им било една кочница за регулирање на некои други потреби за што заверка треба да добијат од Општина Кочани.

Надлежните во општината сигурно знаат кој си земал обврска годинава да ги достави документите до жителите на оваа улица па потребно би било со истите да разговараат за да решенијата за данок на имот ги имаат сите жители во општината.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ