УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ ИЛИ ПАТЕКА ОД ДИВИНАТА

јуни 17, 2026
1 минути

Овие фотографии не се овековечени ниту од некоја патека од дивината, најмалку од „Пониква“ или „Гратче“, тие се реалноста на улицата „Илинденска“ од јужниот дел кон северниот.

Ова е во срцето на градот, ова е дел од централното градско подрачје а жителите кои живеат на оваа улица за да стигнат до своите домови мора да внимаваат од околните грмушки да не излезе некој влекач или да не ги огребат своите возила.

Ова е дел од централно Градско подрачје на Кочани. И не само што улицата е како оние патеки од дивината туку и скалите кои водат кон „Споменикот на слободата“ се посебна приказна.

Ние досега во изминатите 2-3 месеци на двапати ја скениравме сликата на оваа улица и упативме апел до надлежните, но од сето тоа нема фајде кога тие наместо да се грижат за подобар живот на граѓаните , тие си се грижат за покомфорни канцеларии, приеми и фотографирање со странски и домашни делегации, отворање на забавни центри кои се донација и ред други работи само не за она за кое беа избрани на Локалните избори.

Моментно е така, а на мислење сме дека така и ќе продолжи.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ