Добивме писмо со кратка содржина и неколку фотографии од жителите на улицата „Душан Петревски“ (како што не информираат крак од поранешна „14-та бригада“) кое во целост ви го пренесуваме.
„Ве молиме да го објавите нашето писмо како и да ги објавите овие фотографии кои се направени на улицата Душан Петревски. На улицата немаме асфалт и истата е во многу лоша состојба. Кога е време на кампања на избори секогаш доаѓаат и ни ветуваат дека ќе постават асфалт, а што завршат изборите повторно не забораваат. Наводно за да не газиме по кал дојдоа екипи и поставија тампон кој не е направен како што треба и сега состојбата е полоша од порано. Ги молиме надлежните по завршувањето на изборите да дојдат и да ја асфалтираат улицата за да во 21 век не газиме по кал“.
Жители од улицата Душан Петревски