Општина Кочани ги известува граѓаните дека в петок, 3 јули 2026 година, со почеток во 7:30 часот, ќе се реализира акција за расчистување на обраснатата вегетација долж патниот правец од Општина Кочани до браната Гратче.
Чистењето ќе се изведува со механизација од двете страни на коловозот, со цел да се подобри прегледноста и безбедноста на сообраќајот.
Заради безбедно одвивање на активностите, Општина Кочани апелира до сите учесници во сообраќајот, доколку се во можност, да се воздржат од користење на овој патен правец во периодот на изведување на работите и да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките од службите на терен.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
