В сабота и недела, 11 и 12 јули, од 9:30 до 12 ч. во Градскиот парк во Кочани најмладата популација има можност да се забавува со Игри без граници.
Родителите на децата од 9 до 12 години треба да изразат интерес со електронско пријавување, со што се согласуваат нивните деца да учествуваат во забавата. В сабота се изгрите за деца од 5 до 8 години, а в недела – од 9 до 12 години.
Рокот за пријавување е до 09. Јули 2026 година (четврток)
Во соработка со Општина Кочани, игрите ги организира Николчо Колев, наставник по физичко и познат спортист од Кочани, кој најавува содржини што носат дружење, физичка активност и забава кај учесниците.
Настаните се дел од програмата за одбележување на Петровден – празникот на Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
