НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, НАЈАВА НА НАСТАНИ

јули 6, 2026
1 минути

На 09.07.2026 година, во 18 часот, во Салон „ Фоаје 1“, ќе се одржи промоцијата на книгата: „ Јас ќе одам, а ти пишувај“ од роднокрајната авторка Ружа Пачаџиева, посветена на Андреј Стојанов и на сите жртви во пожарот во Кочани.  Рецензент и промотор на книгата е проф. д-р Људмил Спасов.

Истиот ден, на 09.07.2026 година, во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на фолклорни инструменти и носии на кое ќе има излагање за значењето и и симболиката на празниците Јановден и Петровден.

Во 18 часот на 10.07.2026 година, по дефилето низ градот на ФО и ФА „ Мугри“ со нашите гости, четири фолклорни ансамбли од Македонија и Србија, на летната сцена, со почеток во 19 часот ќе се одржи Фолклорниот концерт насловен: „По Јановден пред Петровден на конак во Кочани“.

НУЦК „Бели мугри“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ