НАЈАВА ЗА МУЗИЧКО-ФОЛКЛОРЕН НАСТАН

ноември 20, 2023
1 минути

На 21 ноември (вторник) 2023 г. во 13 и 30 часот во Мултикултурниот центар, ќе се реализира музичко-фолклорен настан насловен „Детска патувачка фолк библиотека“, со промоција на две фолк-сликовници. Настанот е во организација  на ЈОУ Библиотека „Искра“, во соработка со  ООМУ „Ристо Јуруков“ и ФОЛКОНИКА- Центар за зачувување на македонската фолк музика, фолклорно творештво, едукација и иновации за деца.

На интерактивниот настан со музички изведби, се со цел претставување на македонското фолклорно наследство на младите генерации, ќе учествуваат ученици од основните училишта од Кочани и основното училиште од Оризари. Целта на ваквиот интерактивен настан, каде што младите ќе земаат учество е да ги научиме младите генерации да го негуваат и да го зачуваат македонското музичко-фолклорно културно наследство.

ЈОУБ „Искра“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ