На 07.07.2026 во 00:10 часот во Кочани полициски службеници лишија од слобода 17-годишник од Виница. При сообраќајна контрола полициските службеници на ул. „Димитар Влахов“ во Кочани сопреле мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетникот и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека малолетникот го управувал мопедот пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а мопедот бил одземен. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Соопштение од СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
