СЕ Е КАЖАНО – ГРАДСКА ДЕПОНИЈА

јули 10, 2023
1 минути

„Кучињата лаат, караванот си оди“, така некако би бил денешниот коментар околу Градската депонија.

Со месеци е ваква состојбата (освен во деновите на врнежите со дожд) но кај надлежните како да се нема слух сето тоа еднаш засекогаш да биде угаснато.

Освен што воздухот се загадува, освен што селото Бели е во магла по овие горештини, сега и лошата миризба е она што им пречи на луѓето, особено на оние кои често ја користат оваа дестинација.

Дека депонијата може да биде угасната се покажа пред неколку години кога со третирање на течни алги чадот беше минато.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ