Во доста изменет состав од минатогодишното првенство екипата на „Осгово“ од Кочани ги започна подготовките за есенскиот дел од првенството во Втората Фудбалска Лига.

Како што истакна Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев во моментот бројот на заминати играчи од Осогово е поголем од новоангажираните, но до крајот на преодниот рок ќе се направат дополнителни напори да се ангажираат нови играчи со што ќе се зголеми ростерот.

Засега има шест нови имиња во Осогово: Симон Стојковски (голам) и Дарјан Трајчов (напаѓач) доаѓаат од „Каменица Саса, Мартин Радулов Величковиќ (одбрана) доаѓа од „Тетекс“, од „Кожуф“ по една година пауза кам бег прави Давид Бошевски (одбрана), како и Ненад Малинов и Алекс Димитров, повратници од „Брегалница“ – Штип.

До почетокот на првенството договорени се четири натпревари, Со „Победа“ во Валандово (22.Јули), „Еуромилк“ во Кочани (25 Јули), „Работнички“ во Скопје (31. Јули) и генералка со „Тетекс“ во Кочани (08. Август).

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
