КОШАРКАРИТЕ НА „БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ СЕ ПРОШЕТАА НИЗ ВЕЛЕС

Во Спорт
февруари 6, 2022
1 минути

Со импресивна игра во текот на сите четвртини кошаркарите на „Баскет Дино – Деликатес“ едноставно се прошетаа низ  Велес. Кочанчани во рамките на 12-тото коло во М-18 кошаркарска лига во Велес го совладаа домаќинот „Борец Баскет“ со високи 79:39.

Во првата четвртина домаќините додека имаа сили им даваа отпор на разиграните кошаркари од „градот на оризот“ но во преостанатите три четвртини едноставно гостите ја  заиграа препознатлива за нив игра,со добра одбрана и прецизен напад од минута во минута растеше предноста што се гледа по текот на четвртините (13:20; 15:25; 07.17; 04:17).

Најефикасен играч кај „Баскет Дино – деликатес“ беше Романов со 15 постигнати кошеви, а потоа следуваат: Лазарев 11, Ѕ’мбов и Ефремов по 10, Христов 7, Манев и Коцев по 6, Златков,Ивановски и Крстов по 4 и Богданов 2.

С. Ивановски