На 05.08.2026 во 20.35 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода С.В.(35) од с.Мојанци, кочанско. При сообраќајна контрола на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници запреле мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, кој го управувал, и од извршените проверки било констатирано дека го управувал без да поседува возачка дозвола. Мотоциклот бил одземен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
