Ако минатата сезона во Втората Фудбалска Лига „Осогово“ забележа добри резултати и одличен пласман, сега на десет дена до стартот на есенскиот дел од сезоната 2026/2027 љубителите на фудбалот во Кочани а посебно навивачите на „Осогово“ со право се прашуваат, „Калва сезона ги очекува?
Иако за многумина резултатите во подготвителните натпревари не се некој репер за тоа каква ќе биде сезоната, сепак според она што го покажаа момчињата во „жолто-сини“ дресови ќе биде извонредно тешко посебно ако се има во предвид дека „жетварите“ со сосема нов тим ќе влезат во борбата за бодови.
„Осогово“ досега ги ангажираше Симон Стојковски и Дарјан Трајчов (Каменица Саса), Мартин Радулов Величковиќ (Тетекс), Давид Бошевски (Кожуф), Ненад Малинов и Алекс Димитров (Брегалница Штип), Амир Фејзулаи (Преспа). Според информациите до кои што дојдовме се очекува за „Осогово“ да потпише и Стојче Стојов.
Сепак од кочанскиот второлигаш засега 14 играчи си заминаа: Стојанчо Велинов, Филип Димоски, Марио Симоски, Филип Лазаревски (г), Никола Стоилковски, Марко Соколов, Драган Паунов, Христијан Митревски, Дамјан Стојковски, Поп Антоски Христијан, Стојанче Тренчев, Михаил Николов, Бојан Сандев (г), Дарко Петров.
Кога ќе се погледнат имињата на играчите што дошле и оние кои заминале со право се поставува прашањето „каква иднина го очекува Осогово“ со оглед на фактот што втората лига годинава ќе биде една од најсилните и најнеизвесните, па борбата за гол второлигашки живот ќе биде голема.
Сепак да се надеваме дека на крајот на првенството сценариото нема да биде црно за „Осогово“.
С. Иваноски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
