ТРИ МЕДАЛИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ШТИП

Во Спорт
ноември 19, 2023
1 минути

Во организација на Боречкиот клуб „Балканец“ од Штип, денес во градот под Исарот се одржа Меѓународен турнир за кадети, пионери и деца, слободен стил „Трофеј Штипски боречки асови“. На турнирот учествуваа 5 клубови од Бугарија, 4 од Косово и клубовите: Спартак, Балканец, Бучим, Бучим шампиони Конче, Неготино, Ускана, Вардар 1961,Шкупи и Лирија со вкупно 200 борачи.

Боречкиот клуб „Спартак“ од Кочани на турнирот учествуваше со осум борачи кои освоија три медали: 1 сребрена и 2 бронзени.

Сребрениот медал го освои Славица Митева во категоријата до 46 килограми (2008-2010), додека Стојана Митева во категоријата до 46 килограми (2008-2010) и и Јован Илиев категорија 44-46 килограми (2008-2010) се закитија со бронзениот медал.

На турнирот учествуваа и Кристијан Илиев категорија до 38 килограми, Едис Билалов, категорија до 38 килограми, Петар Лазаров, категорија до 65 килограми, Павел Темелков, категорија 68-70 килограми и Даријан Павлев, категорија 68-70 килограми, кои останаа без медал.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ