СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ ОД КОЧАНИ ГО ПРОСЛАВИ ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

март 23, 2022
1 минути

Во присуство на ученици и вработени од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани, претставници од Локалната самоуправа на Кочани,и Сојузот на борците од НОВ,како и во присуство на дел од семејството на првоборецот Љупчо Сантов, денес на скромен и достоинствен начин беше одбележана 78 годишнината од загинувањето.

По тој повод денес на бистите на Љупчо Сантов поставени во дворот на училиштето и во „Паркот на Револуцијата“ беа положени букети цвеќиња.

За културно забавниот дел од оваа скромна свеченост беше задолжен училишниот хор.

С. Ивановски