Средното општинско училиште “Љупчо Сантов“ од Кочани во периодот од 31 март до 01 април 2022 година, на електронската платформа Zoom, учествуваше на проектната активност “Твоја Европа, твој глас“, која се организира 13-та година по ред.
Оваа година учество земаа по едно средно училиште претставник од сите 27 земји членки на Европската Унија и по едно средно училиште од претставник од 5те земји кандидатки за членство во Европската унија. Тематскиот наслов на овогодинешната активност беше “The Truth about lies–Youth challenging Disinformation“, каде што нашите ученици Љупка Јорданова, Ивона Тодорова и Никола Малешевски, активно учествуваа на предвидените работни задачи на теми поврзани со лажните вести како меѓународен предизвик на државите на европскиот континент.
Организатор на оваа активност е Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), како советодавно тело во рамки на Европската унија, составено од претставници од сите земји членки, чија што надлежност е да доставува предлози на главните органите на Европската Унија, како што се Европскиот парламент, Европскиот совет, Европската комисија. Проектната активност “Твоја Европа, Твоја Глас 2022!“ е еден од главните настани во организација на Европската унија во рамки на програмата “Европска Година на младите за 2022 година.“
Образовната цел на оваа активност е да се подигне свеста кај младите во врска со предизвиците од лажните информации, да развијат вештини за критичко размислување и препознавање на лажните информации. За крај, средношколците кои беа учесници на овој настан имаа можност заклучоците од одржаните работни состаноци да ги претстават пред Еврокомесарката за правда, транспарентност и вредности на Европската унија, г-ѓа Вера Јурова. Средношколците добија уверување од нејзина страна дека нивните конструктивни предлози ќе бидат земени во предвид при креирање на идни политики на Европската комисија, а се со цел минимизирање на штетните последици од оваа негативна појава.