СТРУШКИ СУДИИ ОСВЕН ВО ФУДБАЛОТ „РАСТУРААТ“ И ВО КОШАРКАТА

Во Спорт
април 4, 2022
1 минути

Уште не стивнале обвинувањата за струшките судии кои со досудениот па поништениот пенал ја осакатија екипата на ГФК „Тиквеш“ на натпреварот против „Шкупи“ што се одигра во Скопје во рамките на Првата Фудбалска Лига, кога се појавија нови обвинувања за друга судиска двојка од Струга која очигледно не знае да суди ама знае да „растура“ и под обрачите.

Имено вчера во Прилеп во рамките М-16 доигрувањето во кошаркарската лига на Македонија домашната екипа на „Мега Баскет“ толку беше форсирана од страна на судиите против екипата на „Баскет Дино Деликатес“ од Кочани што и оние што беа на трибините се смееја.

Од „Баскет Дино Деликатес“ се изненадени како може да судат судии кои очигледно си одберат екипа пред натпреварот и на противникот не му дозволуваат „око да отвори“.

Како што не информираат родители кои присуствувале на нтпреварот најпрвин судиите му обезбедиле солидна предноста на домаќинот па откако виделе дека кочанчани и те како знаат да играат кошарка и од минута во минута ја намалувале големата разлика, пак го свртеле свирчето наопаку и го упропастиле натпреварот со своето антикошаркарско судење.

Конечниот резултат 87:82 во корист на „Мега Баскет“ и не е толку важен како што е важно однесувањето на струшките судии.

Јавно го повикуваме Комесарот за делегирање на судии во М-16 кошаркарската лига истите судии да ги делегира и за натпреварот во Кочани помеѓу истите противници се со цел да се види дали знаат да судат или само судат по директива.

С. Ивановски