ТРЕТО МЕСТО ЗА БОРАЧОТ НА „СПАРТАК“ ФИЛИП АНГЕЛОВ НА МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ

Во Спорт
ноември 23, 2021
1 минути

Во неделата на 22 ноември 2021 година во спортската сала на Гимназијата „Зев Љуш Марку“ во Скопје се одржа меморијалениот турнир во борење слободен стил за мажи „Ментас Алајбегу и

Ајруш Синани“ во организација на БК Лирија-Скопје.

Турнирот имаше меѓународен карактер на кој зедоа учество стотина борачи од Р. Косово, Р. Бугарија и од боречките клубови од Македонија.

На турнирот настапи и Филип Ангелов, преставник на БК „Спартак“ од Кочани кој во категорија од 63 кг го освои третото место.