УБАВА ВЕСТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, ИМА ДОВОЛНО КОЛИЧИНА ВОДА ВО АКУМУЛАЦИИТЕ ЗА ОВАА СЕЗОНА

април 5, 2022
0 min read

Снегот и дождовите ги наполнија акумулационите езера Калиманци и Гратче, така да ќе има доволно вода за целосно завршување на сезоната со наводнување.

Во езерото „Калиманци“ максималната количина на вода на приливот треба да изнесува 115 милиони м3 вода а во моментот во езерото се измерени 111 милиони м3 вода.

Езерото „Гратче“ кое собира максимална количина на вода е 2,1 милион м3, а во моментот езерото е преполно и е со 2 см излевање на приливот.

Овие количини на вода ќе бидат доволни за да се наводнуваат 5.000 хектари ниви кои потпаѓаат под Кочанската подружница.

С. Ивановски