ТЕМАТСКИ НАСТАН ПО ПОВОД 8-МИ АПРИЛ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА РОМИТЕ

април 5, 2022
1 минути

Попладнево во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани се одржа тематски настан по повод 8-ми Април Меѓународниот ден на ромите.

По интонирањето на Македонската и Ромската химна присутните во салата во главно членови на АГЗ од Кочани, Виница и Штип беа запознаени со целта од одржувањето на овој настан, за да потоа биде дадено кратко експозе околу историското постоење на ромите.

На настанот најпрвин се обрати Градоначалникот на градот домаќин, Кочани Љупчо Папазов а потоа и Градоначалникот на Општина Виница Петков. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов кој од оправдани причини не беше во салата на присутните им се обрати видео порака.

На крајот имаше Панел дискусија на тема „Политики и мерки за вработување на Роми на локално ниво“.

С. Ивановски