„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ЈА ВРАТИ ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НА СВОЕТО МЕСТО

април 15, 2022
1 минути

По пет дена од објавувањето дека некој самоволно ја отстранил заштитната ограда на патниот правец Кочани-Пониква, денес добивме нови фотографии од местото на настанот.

Имено како што ни јавуваат надлежните од „Македонија пат“ реагирале по нашата објава и ја вратиле заштитната ограда во првобитната положба.

Сега учесниците во сообраќајот ќе бидат побезбедни на еден од опасните свиоци при враќањето од Пониква.

Секоја чест за брзата реакција на „Македонија пат“.

С. Ивановски