КНИГАТА „ГЛАСОТ НА МОЈАТА ДУША“ ОД АНА ДЕДОВА ЈА ДОЖИВЕА СВОЈАТА ПРОМОЦИЈА

април 15, 2022
1 минути

Во присуство на љубители на убаво напишаниот збор, како и на роднини и пријатели, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани, книгата – збирка песни „Гласот на мојата душа“ од кочанската поетеса Ана Дедова ја доживеа својата промоција.

Извадок на песни од книгата читаа членови на Литературниот клуб „Копнеж“ од Кочани, а низ промоцијата на самото издание гостите ги водеше модераторот на книгата Магдалена Кочовска Салтирова.

При своето обраќање  за напишаните песни кои се 41 на број зборуваше промоторот на книгата м-р Љупка Стојменова.

Стојменова посочи дека секоја песна е убавина сама за себе бидејќи сите песни Ана ги напишала како и нејзините претходни, со чиста душа и чиста мисла.

Инаку ова е веќе петта книга на младата поетеса од Кочани Ана Дедова.

Претходните четири книги „Охридски бисери“ (2012), „Илузија“ (2015), „Твоето ангелско лице“ (2017) и Везот на животот“ (2019) наидоа на одличен прием од љубителите на поезијата, а се надеваме дека тоа ќе биде и со оваа најновата „Гласот на мојата душа“.

Ане, во очекување сме на твојата шеста книга.

С. Ивановски