САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

јуни 26, 2023
1 минути

По вчерашните обилни врнежи од дожд, екипите на  КЈП “Водовод” Кочани  спроведуваат активности за расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Активностите се одвиваат во координација со Општина Кочани.


Претпријатието работи со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, како и употреба на целокупната механизација. Активностите се одвиваат низ целата територија на Општина Кочани, а во во тек е расчистување на улиците “Маршал Тито”, “Димитар Влахов”, “Теодосие Паунов” и други.

Исто така се врши санација и на контејнерите за одлагање на отпадот коишто беа изместени или оштетени во текот на невремето.

КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани ќе продолжи со активностите  во текот на наредните неколку денови, во насока на целосно санирање на последиците од невремето на терен.

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ