ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ПОЧНУВА РАЗВРСКАТА ЗА ПРВОТО И ЗА ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ МЕСТА

Во Спорт
април 15, 2022
0 минути

За утре Сабота закажани се натпреварите од 22 коло во Втора Фудбалска Лига – Исток. Главните претенденти за највисок пласман се домаќини, додека две од екипите кои грчевит ќе се борат за место кое обезбедува директен влез во единствената втора лига, гостуваат. Последните два порази го вратија „Осогово“ во зоната каде до последното коло ќе трепери за обезбедување пласман не подолу од седмото место. „Жетварите“ гостуваат во Прилеп кај една од трите екипи кои се кандидати за највисок пласман.

Во Виница лидерот „Слога 1934“ не би требала да има проблеми со последнопласираната „Локомотива“, додека „Беласица“ во Струмица ги пречекува „рударите“ од Македонска Каменица.

Еден од најинтересните натпревари се игра во Пехчево каде секој резултат е во игра, додека во Гевгелија домаќинот е голем фаворит на хартија.

Двојки од 22 коло:

„Победа“ – „Осогово“

„Слога 1934“ – „Локомотива“

„Беласица“ – „Каменица Саса“

„Кожув“ – „Братство“

„Пехчево“ – „Детонит јуниор“

Сите натпревари започнуваат во 16:00 часот

С. Ивановски