НАДЛЕЖНИТЕ ДА ОДГОВОРАТ ЗОШТО ВОДАТА ВО „КОЧАНСКА РЕКА“ БЕШЕ СО ПОИНАКВА БОЈА

април 16, 2022
0 минути

Фотографиите се направени кај „Железничкиот мост“ во Кочани. Иако во текот на вчерашниот ден (Петок) беше сончево и топло, иако немаше информација за некакви поројни дождови по високите места, сепак водата во „Кочанска река“ беше поинаква.

Секој што ја видел си помислил дека тоа е од поројни дождови и дека е тоа тиња, некои ја споредуваа со испуштањето на водата од некогашната Фабрика за целулоза и хартија.

Кои навистина беа причините да биде ваква бојата на водата одговор ќе треба да дадат надлежните. Не може за ова да нема одговор.

Граѓаните на Кочани МОРА да го добијат одговорот.

Со нетрпение се очекува Соопштението од надлежните.

С. Ивановски