АЈДЕ ВО САБОТА СИТЕ НА КОШАРКА

Во Спорт
април 29, 2022
1 минути

Во Сабота со почеток во 17:00 часот се игра вториот полу-финален натпревар во Трета Кошаркарска Лига,  во кој кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ ја пречекуваат екипата на „Работнички 2018“ од Скопје.

Во првиот натпревар кој пред два дена се одигра во Скопје домаќините славеа но како што тогаш изјавија поголемиот број од гледачи кои од Кочќани отидоа во Скопје, со голема помош на судиите.

Сега е време кочанските кошаркари да покажат дека се подобри од своите противници и дек со чесно судење ќе извојуваат победа и ќе го одведат натпреварот во трето продолжени.

Кочанчани се надеваат дека во нивната победа голем удел ќе има  и нивната верна публика која покажа колку е приврзана за клубот со заминувањето и навивањето во Скопје.

Па ајде, утре е ден на кошарката, ајде сите утре да ги попочниме трибините на салата „Сашо Лазаров – Чапо“ и уште еднаш да им покажеме на некои дека името не игра, туку знаењето.

Ајде сите на во Сабота на кошарка

С. Ивановски