КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИ НА ФФМ ЈА ОДБИ ЖАЛБАТА НА ГФК „ОСОГОВО“ КАКО НЕБЛАГОВРЕМЕНА

мај 20, 2022
1 min read

Петочлената Комисија за натпревари на ФФМ на својата седница одржана на ден 17.05.2022 година ја разгледа жалбата на ГФК „Осогово“ од Кочани која е уредно таксирана и е заверена под бројот 15-1218/2 од 16.05.2022 година и донесе:

Одлука  „Жалбата на ГФК „Осогово“ од Кочани бр.15-1218/1 од 16.05.2022 година, СЕ  ОДБИВА како неблаговремена.

Разгледувајќи ги сите записници од приложените жалби на крајот во Образложението се вели:

„Согласно член 42 став 3 од Пропозициите за натпреварување во Втора МФЛ Исток и Втора МФЛ Запад, за натпреварувачката 2021/2022 година, заинтересиран клуб има право во рок од 48 часа по одигрувањето на натпреварот да достави жалба со образложение до надлежниот орган за натпреварување со уредно уплатена пропишана такса во два примерока.

Врз основа на погоренаведеното, Комисијата утврди дека жалителот како заинтересиран клуб ги пропуштил роковите, за согласно член 100 став 1 т.2 од Правилникот за натпревари на ФФМ да ги обжали настапите на наведениот фудбалер од моментот кога за прв пат сметал дека со таквиот настап се прекршува одредба од Правилникот за регистрација статус и трансфер на ФФМ како општ акт на ФФМ. Комисијата утврди дека во рамките на Втора МФЛ исток 2021/2022 каде што се натпреварува и жалителот, фудбалерот последен пат настапил на натпреварот од 24 коло ФК Братство 07 – ФК Детонит Јуниор одигран на ден 23.04.2022 година.

Согласно погоренаведеното Комисијата донесе одлука како во диспозитивот“.

Правна поука:

Незадоволната страна има право на жалба до Комисијата за жалби на ФФМ во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на оваа одлука со уплата на такса во висина од 12.000,00 денари за правно лице  на жиро сметка  ……..

Според гореспоменатото, и Комисијата за натпревари на ФФМ е свесна дека спорниот играч настапил неправилно ( трет настап во клуб во една натпреварувачка сезона) па малку и чуди како веднаш самата не реагирала, како и што чуди што од ГФК „Осогово“ од Кочани поднесена е жалба по дури 23 дена од настапот на спорниот играч.

С. Ивановски