Во организација на Општинската организација на Црвен крст Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовната мајска крводарителска акција наменета за граѓанството.
На акцијата крв даруваа 32 крводарител од Кочани и Кочанско.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст – Кочани.
Црвен крст – Кочани
Иле Матеничарски