НОЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 33 КРВНИ ЕДИНИЦИ

ноември 30, 2023
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна ноемвриска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 33 крводарител од кои 9 лица до 30 годишна возраст и шест
првократни дарители. Акцијата е 18–та по ред што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ