Дел од симпатизерите и поддржувачите на ликот и делото на Маршалот на Југославија и годинава на доста скромен и досега невообичаен начин го одбележаа денешниот ден, го одбележаа „25 Мај“ Денот на младоста и роденденот на Јосип Броз ТИТО.
Главниот дел од манифестацијата беа неколкуте возила украсени со слики од Маршалот како и со Југословенски и Македонски знамиња кои продефилираа низ улиците на градот.
За жал годинава го немаше препознатливото примопредавање на штафетата кое неколку години во континуитет се одржуваше на платото во Градскиот Трговски Центар во Кочани.
Организаторите со своја верзија за годинешната осиромашена прослава, но сепак за да не пропадне прославата дел од традицијата беше сочувана, беа дадени изјави пред телевизиските камери.
С. Ивановски