На вториот ден од годинешниот „Петровденски турнир 2022“ се одиграа три натпревари. Уште при одредувањето на двојките вниманието го привлекуваше натпреварот од групата „Б“ – „Ауто Велт“ – „Масив Дизајн“ кој беше прогласен за еден од дерби натпреварите по групи. Самиот натпревар донесе добар фудбал во кој на крајот сосема заслужено славеа „автомобилистите“ со 3:1.
Во предигра на овој натпревар од истата група се сретнаа „Виктори“ и „ПЗУ Панов“. Играчите од обете екипи одиграа еден интересен, ефикасен и крајно неизвесен натпревар за што сведочи и конечниот резултат 4:4.
Од групата „Г“ „АНТ Градски“ славеше над „Детелинка“ со 3:2 и си обезбеди пласман во понатамошното натпреварување.
Третото коло е закажано за во Вторник кога на програмата е еден натпревар од групата „Г“ и два натпревари од групата „В“.
С. Ивановски