ЗГ „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“, ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА БОРЕЦОТ И ПОКАЖАА ДЕКА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЧУВАРИ НА ИСТОРИЈАТА

јули 4, 2022
1 минути

Поддржувачите на ликот и делото на Маршалот Јосип Броз Тито, ЗГ „Јосип Броз Тито“ од Кочани и денес на скромен и достоен начин го одбележаа 4-ти Јули  кој на просторите на некогашна Југославија се славеше како „Ден на борецот“, со што уште еднаш покажаа дека се најголемите чувари на нашата историја.

По повод „Денот на борецот“ тие денес го посетија „Паркот на Револуцијата“ во Кочани и на бистите на Раде Кратовче, и Љупчо Сантов, како и на споменикот на Никола Карев положија свежо цвеќе со што уште еднаш упатија порака дека за нив нема разлики, туку за нив се сите исти кои си ги дадоа животите за денешната слобода.

Со посетата на „Паркот на Револуцијата“ и со положувањето свежи букети цвеќиња тие повторно на еден симболичен начин ги потсетија повозрасните генерации кои се најдоа во паркот на времето во кое некогаш се живееше, при тоа оставајќи аманет за помладите, како достојно да се чува и негува историјата.

С. Ивановски