По повод Петровден – празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов им ги врачи наградите на најуспешните ученици и ментори и на најнајградуваните училишта во учебната 2021/22 година.
Првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани, Благоја Стојков (СОУ „Гошо Викентиев“); Теодора Санева (СОУ „Љупчо Сантов“); Давид Лазаров (ОУ „Свети Кирил и Методиј“); Филип Крстов (ОУ „Никола Карев“); Иван Георгиев (ОУ „Раде Кратовче“); Евдокија Миткова (ОУ „Малина Попиванова“); Стефани Иванова („Крсте Мисирков“ – Оризари); Луна Милосова и Јована Захариева (ОМУ „Ристо Јуруков), добија награди во износ од 15 илјади денари.
Учениците што освоиле први награди на државните натпревари се наградени со 6 илјади денари, а нивните ментори добија признанија за посветеноста и вложениот труд. Тоа се: Јована Карова од ОУ „Свети Кирил и Методиј“, која освои прва награда на Државниот натпревар по биологија со менторката Нада Ѕ’мбова Донева; Иван Георгиев од ОУ „Раде Кратовче“, првонаграден на Државниот натпревар по физика, со менторот Глигорчо Гоцевски; Илијана Стојилкова од ОУ „Малина Попиванова“, прва награда на Државниот натпревар по германски јазик со наставничката Ивана Велкова; Макарија Иванова од ОМУ „Ристо Јуруков“, првонаградена на Државниот натпревар по пијано, под менторство на Марија Лазарова; Нина Манасиева од ОУ,,Никола Карев“ – Кочани, прва награда на Државното првенство во тенис-девојчиња, под менторство на тренерот Оливер Јовановски и Женската фудбалска екипа од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ со тренерот Ванчо Јованов, кои годинава се државни прваци во фудбал во женска училишна конкуренција.
За успесите постигнати на меѓународните натпревари по музика, пофалници примија учениците од ОМУ „Ристо Јуруков“: Теодора Захариева, Надица Апостолова, Андреа Димитрова, Марко Јовановски, Бјанка Димов, Јован Цветанов, Миа Михаилов, Јован Божинов, Јана Филипова, Никола Илиев и Ана Митева.
Првпат годинава, признанија за најнаградувани добија две училишта: ОМУ „Ристо Јуруков“ и ОУ „Свети Кирил и Методиј“. Целта е да се истакнат нивните општи заложби да бидат најдобри и да се поттикнат за нови, уште подобри резулти.