СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ЈА ОДРЖА 15. СЕДНИЦА

јули 19, 2022
1 min read

Советот на Општина Кочани на 15. редовна седница ја прифати Предлог-одлуката за утврдување на приоритет и сопствено учество – кофинансирање на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување“.

Со оваа одлука, Советот ѝ одобри на Општина Кочани да издвои 20 % од вкупната сума на проектот и да аплицира на конкурс за проектни предлози од областа на енергијата, транспортот и заштитата на климата, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој – GIZ. Според стручните служби со овој проект ќе се овозможи модернизирање на системот за јавно осветлување со вградување паметни уреди, со можност за далечинско следење на повеќе параметри и со астрономски часовник за синхронизирано вклучување на светилките, што ќе овозможи и заштеда на електричната енергија.

Втората од двете точки на 15. седница, Предлог-одлука за изменување на Одлуката за основање на јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување, не го доби потребното мнозинство гласови.

 Општина Кочани