УПАТЕНИ НАВРЕДИ КОН УРЕДНИКОТ НА ПОРТАЛОТ КОМАРЕЦ ПРЕД ПОЧЕТОК НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ

октомври 27, 2021
1 минути

На четири дена пред вториот круг на гласање за избор на Градоначалник на Општина Кочани поединци се обидоа да се стават и пред законот, и пред кандидатите за градоначалник, а и пред партиите.

Имено пред самиот почеток на пресот на ВМРО ДПМНЕ на кој свое обраќање имаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник Љупчо Папазов еден од присутните познат во Кочани по лошото однесување без никаков повод и причина упати навреди кон уредникот на порталот komarec.com.mk

Додека се подготвувавме да започнеме со фотографирање тој се обрати со зборовите: „Комуњар не го сликај Мицкоски, оди сликај си го Заев, во недела ќе ве е….. а во понеделник ќе ве дое….“.

И додека тој ги упати овие закани со вулгарни зборови што е забележано на една од камерите а и на телефоните пред него стоеја некогашни политичари кои слатко се смееја како да имаа желба и тие да го слушнат кажаното.

Не реагиравме воопшто додека траеше пресот а по негово завршување во придружба уште со некои новинари најпрвин го информиравме пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија од ВМРО ДПМНЕ Миле Лефков, од кого добивме јавно извинување а како што подоцна бевме информирани тој влегол во отворен конфликт со истото лице.

Подоцна добивме преку телефон извинување и од кандидатот за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО ДПМНЕ Љупчо Папазов а порака со извинување добивме и од неколку од новоименуваните советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ кои отворено пишуваат дека лицето воопшто не било покането на настанот туку само упаднало на истиот.

Нашето его не е повредено бидејќи сме научени низ минатите години такви недоветни, нешколувани и без домашно воспитување да ни се обраќаат, но повредена е демократијата преди се кампањата која досега двајцата кандидати ја водеа во мошне коректен стил.

Со оваа порака уште еднаш стана јасно дека во секоја партија си има такви лица кои страдаат од комплекс на висока вредност и кои иако непоканети сакаат на секој начин да го привлечат вниманието а при тоа прават штета и на угледот на самата партија.

Со ваквите тешко дека во Македонија ќе завладее демократијата.

За упатените навреди информирано е и ЗНМ (Здружението на новинари на Македонија) до кое после вториот круг ќе биде доставен поднесок.

С. Ивановски