ПОПУЛАРНАТА РЕШЕТКА НА УЛИЦАТА „СТРАШО ЕРБАПЧЕ“ ПРОПАДНА

јули 29, 2022
0 min read

Полицијата го обезбедува теренот и го насочува сообраќајот на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани откако натоварен камион со задните тркала пропадна во неа.

Како што сме информирани камионот слегувал кон градот и по се изгледа од преголемата тежина решетката попуштила и е направена штета.

На самото место се излезени екипи кои го испитуваат овој инцидент.

С. Ивановски